Спроведуваме одлука на партиските тела, вели Зијадин Села

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пратеникот на Алијансата за Албанците Зијадин Села изјави денеска дека ќе гласа за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу.

– Да, дефинитивно го имаме мнозинството. Очекуваме да се спроведат одлуките на партиските органи. Донесовме одлука во Управниот совет, кој истовремено е и Кадровска комисија на партијата и денеска мора да се спроведе она што тие го видоа како одлука на Алијансата за Албанците – рече Села.

На новинарско прашање дали очекува претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари да присуствува на утрешното партиско Собрание, Села нагласи дека го поканил уредно како и сите други членови на Централното Собрание.

– Го имам покането, како и секој друг член на Централното собрание, со јавна покана. Негова работа е дали ќе дојде или не. Местото му е да дојде таму – изјави Села.

Share This Article