Спринтерот може да се движи само со патерици

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, легендарниот јамајкански спринтер Усеин Болт се повреди за време на хуманитарен фудбалски натпревар одигран во неделата во Лондон.

Болт беше дел од селекцијата на Светот против Англија, за која настапија и некои поранешни англиски фудбалери, на натпреварот наречен „Сокер Ејд“ одигран на Стемфорд Бриџ.

„Лекарите дијагностицираа напукнување на ахиловата пета, но знаете дека јас сум воин“ ,објави осумкратниот олимписки шампион Болт преку социјалните мрежи со фотографија од која на неговата десна нога може да се види лонгета.

Ривалот на Болт од натпреварувачките денови, американскиот спринтер Џастин Гетлин, реагираше на оваа објава: „Брат, па што правиш?!?! Ние сме во пензија, се сеќаваш“, напиша Гетлин со насмевка.

Share This Article