Според Шолц мора да се активно да се делува за Западен Балкан

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Не е доволно да се зборува за перспективата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан, туку треба активно да се охрабрува, истакна денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во своето обраќање на Минхенската безбедносна конференција, Шолц рече дека кога зборува за ЕУ, мисли и на земјите од Западен Балкан.

– Не е доволно да се зборува за перспективата за проширување на Унијата во тој регион како стратешка цел. Тоа мора активно да го поттикнуваме – нагласи германскиот канцелар.

Шолц посочи дека е потребна јасност за нивото на амбициите на ЕУ во однос на сопствената безбедност и европскиот суверенитет.

– Ние Европејците ќе ја задржиме нашата способност за дејствување, нашата автономија во одлучувањето, само ако ги обединиме нашите желби и способности во ЕУ – подвлече тој.

Според него, европскиот суверенитет значи да се остане „сила меѓу силите“.

За да се постигне тоа, треба волја да се дејствува како „сила меѓу силите“, да постојат заеднички стратешки цели и способност да се реализираат тие цели, нагласи германскиот канцелар.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply