Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот од продажбата на услугите во третото тримесечје од годинава во однос на третото тримесечје од 2022 е зголемен за 4,1 %.
Најголемо зголемување на прометот во третиот квартал во однос на истиот квартал лани, според статистика имаа во секторот „поштенски и курирски дејности“ кое изнесува 39 %. Следат дејности на давање под закуп и лизинг од 19%, туристичките агенции и дејностите поврзани со нив од 17,5%, ветеринарните услуги кај кои прометот пораснал за 15%, како и рестораните со раст на прометот од 12,2 отсто, и објектите за сместување(хотели, мотели…) каде што има зголемување од 11,2%.
Филмската дејност, пак, имала најголем пад на прометот од 30% како и издавачката дејност и вработувањето кои имаат опаѓање на прометот од околу10%. во третото тримесечје од годинава.