Во јуни продажните цени на производителите на индустриски производи во ЕУ и еврозоната се зголемија за повеќе од еден процент во однос на мај, а на годишно ниво се повисоки за над 35 отсто, најмногу под влијание на растот на цените на енергијата, покажа извештајот на Евростат.
На ниво на ЕУ, продажните цени на индустриските производи во јуни се зголемени за 1,3 отсто во однос на мај, кога според ревидираните податоци се зголемени за 0,7 отсто, се вели во извештајот на Евростат. Во еврозоната цените се зголемија за 1,1 отсто, по растот од 0,5 отсто во мај, покажуваат ревидираните податоци.
Производните цени на енергијата најмногу пораснаа на домашниот пазар, за 3,2 отсто на ниво на ЕУ и за 2,7 отсто во еврозоната.