Ракометната Федерација на Македонија и официјално го потврди тоа што во изминатиов период се најавуваше, а тоа е спектакл, натпревар на ракометните ветерани и актуелните репрезентативци.
Имено на 3 јануари во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе можеме да ги видиме на едно место Алушевски Стевче, Ангелов Петар, Ангеловски Бранко, Ѓоргоновски Горан, Даскаловски Златко, Димовски Ванчо, Јовиќ Александар, Кузмановски Горан, Јоновски Ацо, Лазаров Кирил, Лазаров Филип, Макаловски Гоце, Марковски Велко, Миркуловски Филип, Митков Влатко, Мојсовски Златко, Мојсовски Наумче, Недановски Владо, Ристовски Борко, Стоилов Митко, Стоилов Столе и Стојановиќ Раде како и добро познатите селектори Илија Темелковски и Звонко Шундовски.
Ова воедно ќе биде меч на кој ќе има и добра забава со програма модерирана од Сашко Коцев, а свој настап ќе имаат Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија.
Билетите, во ограничен број, ќе бидат во продажба од 19 декември 2022 година преку мрежата на МК Тикетс по цена од 250 и 300 денари.
Приходите од продажбата на билетите ќе бидат донирани во „СОС Детско село“ од Скопје.