More

    Спасувачките служби ги извлекле телата на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и на уште 8 лица кои патувале со хеликоптер што се урна вчера во планините на северозападот на земјата

    spot_img

    Спасувачките служби ги извлекле телата на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и на уште 8 лица кои патувале со хеликоптер што се урна вчера во планините на северозападот на земјата, соопшти утринава Црвената полумесечина.

    – Во тек е трансферот на телото на загинатите во Табриз, голем град на северозападот на Иран – изјави шефот на Црвената полумесечина за државната телевизија, објавувајќи дека операцијата за пребарување е завршена.

     

    Иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во планинска област во близина на границата со Азербејџан, соопштија утринава официјални лица и државни медиуми.

    Остатоците од хеликоптерот во кој беа претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, беа пронајдени рано утринава.

    Смртта на Раиси ја потврди потпретседателот Мохсен Мансури во изјава објавена на социјалните мрежи. По трагичната смрт на иранскиот претседател Ебрахим Раиси,  Мансури привремено ќе ја преземе претседателската функција до спроведувањето на новите претседателски избори кои мора да бидат закажани најдоцна 50 дена по смртта на претседателот.

    Државната телевизија објави дека на снимките од местото на настанот се гледа како хеликоптерот удрил во врвот на планината, но нема официјални информации за причината за падот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img