Спасувачите речиси 60 часа се обидуваат да стигнат до 40 индиски работници заробени во урнат тунел и се обидуваат да постават широка челична цевка со надеж дека ќе можат да ја искористат за да ги извлечат работниците. Работниците кои по уривањето на тунелот останаа заробени под урнатините, се безбедни и во добра состојба, соопштија властите. Тие се снабдуваат со храна, вода и кислород преку цевки.
Тунелот долг 4,5 километри, кој се гради во државата Утараханд на националниот автопат кој е дел од хиндуистичката рута Чар Дам хинду, се урна во неделата околу 5:30 часот по локално време. Во ноќната смена имало од 50 до 60 работници и оние кои биле блиску до излезот од тунелот успеале да излезат, но 40 од нив останале заробени, изјавил за локалните медиуми работник кој успеал да излезе од тунелот.
Не се знае колку време ќе биде потребно за да се извлечат работниците, а екипа од геолози ги утврдуваат причините за несреќата.
Регионот во кој се урна дел од тунелот во изградба е подложен на свлечишта, земјотреси и поплави, а инцидентот уследи по свлечиште на земјиштето. Геолозите, жителите и официјалните лица ја обвинуваат брзата градба во планинскиот дел. Работата на делот од тунелот започна во 2018 година и требаше да биде завршена до јули 2022 година, но завршувањето е одложено за мај 2024 година.
фото: ЕПА