Пејачката блесна на промоцијата на новите производи на нејзиниот бренд Fenty Beauty во Лос Анџелес. Таа носеше фустан во кремова боја, а најмногу внимание привлече нејзината коса која сега е во боја на мед. Фановите се во транс.
„Таа е најубавата жена“, „Со такво лице може да владее со светот“, „Не старее“, „Оваа Ријана да се прогласи за најубава жена што живеела на планетата“, „Дива“, Таа е нереална“, „Како може некој да биде толку убав?“, „Оваа боја одлично ѝ стои“, се само дел од коментарите на Твитер.
Брендот „Fenty Beauty“, кој Ријана го основаше во 2017 година, најави соработка со компанијата „Puma“. На почетокот на овој месец таа отвори продавници во Кина, кој е втор најголем пазар за убавина во светот по САД.
– Кина има толку богата култура која отсекогаш ме инспирирала и едвај чекам да го споделам „Fenty Beauty“ со сите вас, славејќи ја вашата единствена убавина. Ви благодарам многу што ми помогнавте да го остварам мојот сон – рече таа претходно.
За потсетување, индискиот милијардер Мукеш Амбани минатиот месец организираше луксузна забава за својот син Анант Амбани и неговата вереница Радика Мерчант. Во рамките на оваа забава Ријана одржа настап за кој беше платена дури 6 милиони евра, но доби критики од фановите кои сметаат дека не се потрудила доволно околу истиот.