Состојбата во Пакистан е критична, алармира УНИЦЕФ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Милиони деца и бремени жени се загрозени во регионите погодени од поплавите во Пакистан и им е потребна итна хуманитарна помош, соопшти Меѓународниот детски фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Децата се соочуваат со болести, давење и неисхранетост поради поплавите во јужноазиската држава. Децата се особено склони на болести кои се пренесуваат преку вода, како што се дијареја, респираторни инфекции и кожни болести се вели во извештајот на УНИЦЕФ.

Во поплавите, предизвикани од најобилните врнежи во повеќе од три децении, загинаа 1.200 луѓе од средината на јуни и погодија повеќе од 33 милиони, главно во сиромашните јужни и југозападни делови на земјата.

Речиси 600.000 бремени жени во регионите погодени од поплавите имаат итна потреба од медицинска нега и услуги за ментално здравје, соопшти Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

– Речиси 73.000 жени кои се очекува да се породат следниот месец ќе имаат потреба од квалификувани придружници, грижа за новороденчиња и поддршка, се вели во извештајот на агенцијата.

Милиони жени и девојки, исто така, се соочуваат со ризик од родово насилство, наведе УНПФА, нагласувајќи ги заканите во регионите каде што семејствата живеат во импровизирани засолништа со шатори без пристап до тоалети и соодветна санитација.

Share This Article