More

    Во Австралија е откриен и потврден нов род бубачки – „панк бубачки“, поради нивните бушави бели влакна

    spot_img

    Во Австралија е откриен и потврден нов род бубачки коишто некои веќе ги нарекуваат и „панк бубачки“ поради нивните бушави бели влакна. Австралиската Комонвелтска научно-индустриска истражувачка агенција (КСИРО) го потврди откритието.

    Истражувачот Џејмс Твид, од Технолошкиот универзитет во Квинсленд, случајно го открил инсектот додека кампувал во декември 2021 година.

    – Мислев дека е птичји измет. Ова е уникатно. Нема многу инсекти со такви карактеристики – изјави Џејмс Твид за „Би-би-си“.
    Дури кога ентомологот поубаво ја разгледал бубачката, сфатил дека станува збор за нешто сосем ново.

    – Инсектот е долг 1 сантиметар и е покриен со големи, бушави и бели влакна. Тие главно се прави, па затоа суштеството наликува на панкер – вели научникот.

    А бидејќи овој вид е сосем различен од другите видови, КСИРО го прогласи за целосно нов род и семејство инсекти, нарекувајќи гo „Екскастра албопилоса“ (Excastra albopilosa). Истражувачите не се сигурни зошто бубачката има влакна, но веруваат дека така еволуирала за да се заштити од грабливци.

    Твид смета дека, иако има уште многу неодговорени прашања, ова е многу значајно за науката и е потсетник за зачувување, како на ретките, така и на сѐ уште неоткриените видови на Земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img