More

    Соседите откриваат зошто му бил лут на премиерот

    spot_img

    Јурај Цинтула (71), осомничен за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, наводно го подготвувал нападот неколку дена, пред во средата во Хандлова да го застрела словачкиот премиер и тешко да го рани.

    Напаѓачот на премиерот Фицо е обвинет за обид за убиство од одмазда против заштитено лице. Според локалните медиуми, Цинтула се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.

    Тоа што од одмазда нападнал службено лице, односно заштитено лице, ќе биде отежнувачки околности кои можат да одлучуваат за конечната висина на казната.

    Неговиот сосед во местото Левица каде што атентаторот живеел во изминатите 40 години, вели дека последен пат го видел Цинтула во понеделникот и кај него не забележал никакви промени.

    – Го познавам со децении. Ако нешто планирал, немаше никакви знаци. Но, не можам да знам што има во неговата глава – изјави соседот за словачките медиуми.

    Тој откри дека двајцата повремено разговарале за политика и дека Цинтула изразил гнев поради, како што сметал, зголемените напади врз слободата на говор под водство на Фицо.

    -Но, никогаш не би помислил дека тој е способен за такви постапки. Никогаш не зборуваше за насилство. Немам објаснување зошто го направил тоа што го направил – вели соседот на напаѓачот.

    Словачкиот министер за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток го опиша пукањето како политички мотивиран атентат. Министерот потврди дека атентаторот дејствувал сам и дека претходно учествувал во антивладини протести.

    Според словачките медиуми, тој е основач на книжевен клуб, поранешен вработен во обезбедување, кој претходно објавил видео снимки во кои повикува да се прекине насилството, откако и самиот бил нападнат во трговскиот центар каде што работел.

    Словачкиот портал Новине ја објави изјавата што Цинтула ја дал на полицијата веднаш по апсењето.

    – Не се согласувам со политиката на Владата. На крајот на краиштата, медиумите се ликвидирани. Зошто е нападната РТВС (Радио телевизија на Словачка), зошто е разрешен судијата Мазак? – наводно рекол Цинтула.

    Мазак е поранешен претседател на Судскиот совет, кој неодамна беше разрешен.

    Неколку сведоци изјавија дека атентаторот прво му довикал на Фицо: „Робо, дај ми ја раката“, а кога Фицо му пришол и му ја подал раката, Цинтула го застрелал. Тој, наводно, пукал пет пати, а три куршуми го погодиле премиерот.

    Синот на Цинтула за порталот Актуалити потврдил дека неговиот татко легално поседува пиштол. Но, тој негирал дека некогаш спомнал дека планира напад врз Фицо.

    – Немам поим што имал намера татко ми, што планирал, зошто тоа се случило – рекол тој.

    На прашањето дали татко му го мрази премиерот, тој одговорил:

    – Ова ќе ви го кажам – не гласаше за него. Можеби имал краток спој, не знам. Тој е малку повеќе темпераментен, но никогаш не бил на психијатар – рекол синот на атентаторот.

    По нападот во Хандлова во кој беше застрелан, словачкиот премиер со хеликоптер е префрлен во болницата во Банска Бистрица каде му е извршена операција и неговата состојба е тешка.

    На видеото кое се појави на социјалните мрежи, осомничениот вели дека атентатот го извршил затоа што не се согласувал со потезите на владата на Фицо во претходните месеци. По пукањето, полицијата го уапсила.

    Полицијата го пребарала автомобилот со кој напаѓачот дошол во Хадлова и во него, како што пренесува телевизијата, го пронашла неговиот мобилен телефон. Возилото потоа било запленето од инспекторите.

    Дел од словачките медиуми повикувајќи се на неименувани извори, наведуваат дека Јурај Цинтула пред полицијата изјавил дека нападот го планирал неколку дена однапред. Наводно планирал да го повреди премиерот, но не сакал да го убие. Тој повеќе од 30 години легално го поседувал пиштолот со кој пукал во премиерот . Медиумите пренесуваат дека Цинтула рекол дека е „горд“ на тоа што го направил.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img