Соработката во рамки на програмата Креативна Европа е ренесанса за македонските културни уметници

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На трибината „ЕУ за македонското културно богатство“, во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ која се одржа во Битола, покрај вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик амбасадорката на Република Чешка, Штајнер Вотавова, говорник беше и Филип Јовановски, визуелен уметник и културен работник.

Тој во своето обраќање ги сподели искуствата во различни проекти кои ги користат преку европската програма за култура „Креативна Европа“ и што за независните институции од областа на културата значат можностите од оваа програма.

– Во моментов имплементираме проекти од Креативна Европа, партнери сме во три проекти и она што е уникатно за мене кога ќе споредам искуство со соработка со други донатори и поддржувачи е огромната слобода која ја имаме, мислам дека досега таков тип на слобода во програмирањето на културните активности сме ја немале, а Креативна Европа тоа ни го овозможува. Тоа е многу битен аспект особено за независна институција како нашата, рече Јовановски.

Јовановски додаде дека другиот аспект којшто го нуди програмата Креативна Европска е можноста за поврзување со високи професионалци од областа на современата уметници и култура од Европа.

– Годинава имавме можност преку Креативна Европа, а во партнерство со Министерството за култура да имплементираме програма во која учествуваа околу 20 уметници од Северна Македонија во Република Чешка и тоа беше комбинација на млади уметници и размена со автори од локалниот регион. Сега продолжува и во ноември дел од програмата ќе се реализира кај нас, посочи Јовановски.

Според искуството во оваа програма кое го имаат културните работници, Креативна Европа е можност за размена на знаење, преиспитување на идејата за заедништво и солидарност и размена на програми.

Според досегашната работа на проекти во рамки на оваа културна програма на ЕУ, за Јовановски соработката во рамки на Креативна Европа е ренесанса и дава слобода. Тој нагласи дека ЕУ воведува нов начин на работа со кој ги намалуваат бирократските процедури, се зајакнува доверба и ги зајакнува и развива малите организации.

Јовановски кажа дека имаат голема поддршка и помош од Министерството за култура со тоа што учествува и имам удел во вкупниот буџет на програмата и на проектите, и ги охрабри културните работници да ја користи програмата максимално, бидејќи како што рече тој „е отворена, слободна и поттикнува да малите културни организации да се движат напред“.

Креативна Европа е единствената програма на Унијата конкретно наменета за културните, креативните сектори и аудиовизуелниот сектор во Европа. Нашата држава и останатите земји со потпишувањето на меѓународниот Договор помеѓу нашата држава и Европската Унија за учество во Програмата Креативна Европа 2021 – 2027 година, во декември 2021 година, официјално се пристапи кон спроведувањето на третиот циклус оваа програма на Унијата, како единствен стратешки (политички) и финансиски инструмент на ЕУ наменет за културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор.

- Advertisement -
Ad image

Оваа програма за периодот од 2021 до 2027 година, обезбеди 2, 44 милијарди евра за поддршка на европската култура, достапни и за македонската. Министерството за култура е дел од различни европски проекти, а конкретно, во програмата Креативна Европа учествува со вкупен износ од 1,14 милиони евра.

Трибината „ЕУ за македонското културно богатство“ се одржа во Битола, а следната недела продолжува кампањата „Ние сме Европа“ во Прилеп.

Share This Article