Сопственик на порталот Доказ М, Марјан Стаменковски, попладнево е пуштен од Клиника за кардиологија по негово барање.
Иако одговорните во Клиниката инсистирале да го задржат Стаменковски на лекување, од засега непознати причини тој тоа го одбил и решил да се врати во затворот во Шуто Оризари.
Стаменковски бил префрлен со возило на брза помош ноќеска околу 3 часот, откако се пожалил на болки во градите и други тегоби.
Откако итно е испитан, лекарите утврдиле дека има потреба да биде задржан на Клиниката поради проблеми со срцето. Но, Стаменковски тоа не го прифатил и на негово инсистирање е вратен во затворот.
Судскиот процес против Стаменковски е во тек.