More

    Сопругата на фудбалерот првпат проговори за неговите афери

    spot_img

    Колин Руни, сопругата на славниот фудбалер Вејн Руни (36), спаѓа во жени чиј сопруг најчесто е фатен во неверства на понижувачки начини.

    Колин неколкупати му се закануваше со развод, но никогаш таа немера не ја спроведе во дело, а сега првпат во документарецот проговорила за неверствата кои ги трпи со години.

    Тие се во врска 20 години, а во брак 14. Имаат четири деца, а Колин конечно во документарецот Руни“ емитуван денеска проговори за сѐ.

    „Не би била тука сега доколку не му простев“, рекла Колин за Вејн кој е инаку познат по бројните неверства во кои папараците и медиумите успешно го „уловуваа“.

    Колин го познава Вејн од својата 12-та година, а велат дека оттогаш се во врска.

    Вејн искрено раскажал дека веднаш знаел дека тие двајца ќе се венчаат.

    „Мислам дека имав 11 или 12 години кога заклучив дека сакам да се венчам со Колин. Веднаш ѝ го кажав тоа. Ѝ реков дека кога ќе пораснеме, сакам да се венчам со неа и да имаме деца. Ме гледаше како да сум полудел“, искоментирал фудбалерот.

    „Тој е вистински шармер, така и ме освои. Колку повеќе се зближувавме, тој беше сè поуверен дека тоа е навистина тоа“, искоментирала сопругата на фудбалерот.

    Врската ја започнале како 16-годишни тинејџери, а уште на почетокот на истата фудбалерот ја изневерувал Колин со проститутки. Неговиот прв прељубнички скандал „исплива“ во јавноста додека сè уште не беа во брак, во 2004 година. Фудбалерот ги негираше и претходните афери, но на крајот сепак ги призна.

    Вејн и Колин се венчаа во 2008 година во Портофино, а таа во документарецот се присетила и како реагирала на првите неверства:

    „Тогаш сè уште бевме многу млади и многу се каравме. Знаев со кој се дружи и знаев дека тоа не е добро за него. Не сакав ништо да му кажам до одреден момент“, коментирала таа и додала дека алкохолот бил главен виновник за неговото однесување, а тоа и сам го признал.

    „Сè што се случи е вистина. Тоа не значи дека не ја сакам Колин, едноставно носев погрешни одлуки“, коментирал Вејн.

    Колин имала голема поддршка од своето семејство во тешките времиња и вели дека ги надминала сите негови афери и зависности.

    „Преболев сè. Не беше лесно, но му простив. Мислам дека е неверојатно каде сме денес по сето тоа. Среќни сме бидејќи и двајцата сме силни личности и зборувавме за сè. И денес сè уште зборуваме многу за тоа“, заклучила таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img