More

    Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

    spot_img

    Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во околината на Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија, информира АМСМ.

    Македонија пат, пак, информира дека утрово во 5.30 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патните правци Крак-Маврово-Дебар и Гостивар-Стража-Кичево беше воведена синоќа поради обилни врнежи од снег.

    Според Авто мото сојузот, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img