Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност, во западните делови со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умeрен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 21 степен.