Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во северозападните и североисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе биде 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 20 степени, а дневните од 27 до 37 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 34 степени.