Софија доби остра критика од Обединетите нации за дискриминацијата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарија да ги гарантира правата на малцинствата на нејзината територија вклучително и тие на македонското малцинство и да ги отстрани сите бариери за регистрација на Македонците, пишува во последниот извештај на Комитетот за елиминација на дискриминација на ОН.

Комитетот бара од официјална Софија да соработува со малцинствата. Во извештајот се наведува и загрижувачки тренд да се ставаат пречки при регистрирањето на македонските здруженија од страна на Агенцијата за регистрација и од судовите.

„Комитетот го зема предвид објаснувањето од делегацијата на државата членка дека сите нејзини граѓани имаат право на самоидентификација вклучително и Македонците. Но комитетот е загрижен поради извештаите дека на членовите на македонските малцински групи им е забрането слободното остварување на правото на слободно собирање и здружување“, велат оттаму.

Исто така Комитетот препорачува државата членка да ги разгледа сите средства за гарантирање на човековите права за македонското малцинство преку спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права релевантни на правото на слобода на изразување и слобода на здружување.

Share This Article