More

    Лавров изјави дека заради мирот во Украина, неопходно е да се промени претседателскиот декрет издаден од Зеленски минатата годинa

    spot_img

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека заради мирот во Украина, неопходно е да се промени претседателскиот декрет издаден од Володимир Зеленски минатата година.

    – Ќе треба да го поканите господинот Зеленски, бидејќи пред година и пол потпиша декрет со кој се забрануваат преговори со Владимир Путин – рече Лавров на прашањето за дипломатскиот пристап кон прекинот на огнот.

    Министерот за надворешни работи на Русија додаде дека верува оти Западот се обидува да ја истроши Русија во Украина, пренесуваат британските медиуми.

    – Останува на Украинците да препознаат колку длабоко се во дупката што Америка ја ископа – нагласи Лавров.

    Кога го потпиша указот минатата година, Зеленски истакна дека Украина е подготвена за разговори со Москва, но под услов Русија да биде предводена од друг претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img