More

    Собранискиот спикер нема амбиции да се кандидира за претседател на државата

    spot_img

    Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека тој лично нема амбици да се кандидира за претседател на државата. Џафери вели дека гледа реално на работите и во овие околности тоа е нешто неостварливо.

    -Да мислите нешто што е неостварливо, затоа што на слободни избори тоа не може да биде. Јас си ги гледам реално работите и не можам јас да очекувам во овие околности, во овој момент, покрај кандидат Македонец, Талат да добие – изјави Џафери во емисијата „Summer Click“ на ТВ21.

    Во однос на предвремените парламентарни избори за кои се залага опозицијата, претседателот на Собранието рече дека доколку опозицијата сака избори, тогаш треба да поднесе предлог до Собранието и дека тој веднаш ќе ја свика седницата.

    – Ако мислите за избори, уште сега поднесете предлог и истиот ден ќе ја свикам седницата, нема да ве спречувам во тоа. Волјата на пратениците јас нема да ја попречам, ама не може да биде одлука на партиски орган дека сака избори. Таа партиска одлука треба да се преточи во постапка во Собранието од надлежни подносители на иницијативата – истакна Џафери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img