Собранието попладнево, со огромно мнозинство, ги усвои измените на Изборниот законик според кои избирачите да може да гласаат со лична карта или пасош чија важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Собранието попладнево, со огромно мнозинство, ги усвои измените на Изборниот законик според кои избирачите да може да гласаат со лична карта или пасош чија важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите.

Измените кои беа донесени по брза постапка синоќа, со поддршка и на мнозинството и на опозицијата, беа поднесени до Собранието.

Со усвоените предлог-измени на Изборниот законик, дополнително се овозможува граѓаните кои наполниле 18 години заклучно со денот на изборите, односно помеѓу двата изборни круга, да може да гласаат приложувајќи документ за лична идентификација.

Предлог-измените на Изборниот законик, со кои, меѓу другото, времено се отстрануваат ограничувањата врз основа на истечените документи за идентификација на изборите, во парламентот беа усвоени со 84 гласа „за“, додека двајца пратеници гласаа „воздржано“.

Share This Article