More

    Собранието ќе вработи 12 лица еден месец пред избори

    spot_img

    Нови државни советници, советници, помошници на раководители и асистенти ќе почнат да работат во Собранието од крајот на март или почетокот на април кога е последниот рок да заврши процедурата. На заминување поранешниот собраниски спикер Талат Џафери распиша оглас за вработување на 12 лица. Нивните решенија ќе треба да ги потпише новиот претседател на Собранието Јован Митрески пред изборите.

    Зависно од позицијата, според огласот, нето-платите на нововработените во Собранието се движат од 27.633 денари за референт за јавни набавки до 56.945 денари за државни советници. Огласот е распишан на 25 јануари и трае до 15 февруари.

    Според националната припадност се вработуваат 7 Македонци, 4 Албанци и 1 Турчин.

    Во образложението на огласот се наведува дека вработувањето е согласно планот за вработување во Собранието за 2024 година.

    Се вработуваат државен советник за безбедносни прашања и безбедносен надзор и државен советник за политички систем, потоа советници – архитект во одделението за инвестиционо и тековно одржување и општи работи, Сектор за технички работи и советници истражувачи стручни во областа за слобода и безбедност, аналитичар по економски системи за работа во парламентарниот институт.

    Помошниците на раководителите ќе работат во секторот собраниски работни тела и преведување и толкување, како и во секторот за поддршка на националниот совет за евроинтеграции.

    Соработниците ќе работат во Парламентарниот институт, во одделот за пратенички прашања, како и во секторот за јавни набавки.

    При изборот ќе се почитува искуството кое се бара во огласот, образованието и познавањето на странските и службените јазици во земјава.

    Избраните кандидати ќе треба да го поминат и испитот за административни работници кој се спроведува во рок од 10 до 30 дена по изборот на кандидатите. Процедурата за вработување ќе биде завршена 10 дена по полагањето на испитот и овие лица ќе можат да работат. Тоа ќе значи дека овие вработувања ќе станат ефикасни на крајот на март или на почетокот на април.

    Колку овие вработувања ќе бидат законски со оглед дека последен ден за распишување на претседателските и парламентарните избори е 28 февруари кога се распушта и Собранието. Парламентарните политички партии се договорија претседателските избори да се одржи на 24 април, додека вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да бидат на 8 мај.

    Според членот 8а од Изборниот законик и членовите 34 и 35 од Законот за спречување на корупцијата од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател и градоначалници, не може:

    – да се започне постапка за вработување нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

    – Да се започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал, на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година.

    – Да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови, ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори.

    Во периодот од 20 дена пред отпочнување на изборна кампања па до завршување на изборите не може:

    – да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал, во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти. Под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира, давање јавна изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум или одговор на новинарско прашање.

    – За потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img