More

    Со жрепка во Хамбург денеска се дознаа групите на следното Европско фудбалско првенство кое ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули 2024 година

    spot_img

    Со жрепка во Хамбург денеска се дознаа групите на следното Европско фудбалско првенство кое ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули 2024 година.

    Актуелниот европски шампион Италија, кој беше еден од противниците на Македонија во квалификацискиот циклус, ќе игра во силна група со Шпанија и Хрватска, а тука е и селекцијата на Албанија која исто така имаше одлични квалификации.

    Натпреварите на ЕП ќе се играат во 10 градови: Берлин, Минхен, Дортмунд, Штутгарт, Гелзенкирхен, Франкфурт, Хамбург, Дизелдорф, Келн и Лајпциг.

    Планирано е првиот меч на континенталниот собир да се одржи во Минхен на „Алијанц арената“, а финалето да биде на Олимпискиот стадион во Берлин.

    Познати се до сега 21 селекција која ќе партиципира на Евро 2024, а останатите три репрезентации ќе се дознаат по одигрувањето на плеј-офот во Лигата на нации.

    Победник Плеј-оф А Лига на нации: Полска, Естонија, Велс или Финска
    Победник Плеј-оф Б Лига на нации: Израел, Исланд, Босна и Херцеговина или Украина
    Победник Плеј-оф Ц Лига на нации: Грузија, Луксембург, Грција или Казахстан

    Европско првенство 2024 Германија

    Група А

    Германија
    Унгарија
    Шкотска
    Швајцарија

    Група Б

    Шпанија
    Албанија
    Хрватска
    Италија

    Група Ц

    Англија
    Данска
    Словенија
    Србија

    Група Д

    Франција
    Австрија
    Холандија
    Победник плеј-оф А Лига на нации

    Група Е

    Белгија
    Романија
    Словачка
    Победник плеј-оф Б Лига на нации

    Група Ф

    Португалија
    Турција
    Чешка
    Победник плеј-оф Ц Лига на нации

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img