Со закана одзеле автомобил, а потоа од возилото пукале во куќа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тетовец пријавил во полиција дека од автомобил во движење било пукано со огнено оружје кон неговата куќа. Возилото од кое било пукано подоцна е најдено на патот Тетово-Попова Шапка и утврдено е дека било одземено од сопствениците со закана со огнено оружје.

„На 11.04.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово, М.Т. од Тетово пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло” во движење од огнено оружје било пукано кон неговата куќа на улица „Илинденска” во Тетово. Повредени лица нема, а биле направени ошетувања на влезната врата и ѕидовите од куќата. Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот на 12.04.2024 на патот Тетово-Попова Шапка возилото било пронајдено. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22.30 часот со закана со огнено оружје возилото „поло” било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“ – известуваат од МВР.

Share This Article