More

    Со цел да се спречи геноцид на Косово, НАТО ја бомбардираше Југославија

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц, одговарајќи на критиките на рускиот претседател Владимир Путин, кој рече дека НАТО започнал војна во Европа против Југославија, изјави дека алијансата го направила тоа за да спречи геноцид на Косово и Метохија, пренесе агенцијата Ројтерс.

    На заедничката прес-конференција по разговорот со Шолц, Путин рече дека и натаму има свежи сеќавања од војната на Северноатлантската алијанса против Југославија и бомбардирањето на Белград.

    Путин рече дека тоа е тажен пример, што, сепак, е и факт, пренесе ТАСС.

    – Федералниот канцелар штотуку рече дека луѓето од неговата генерација – и јас секако припаѓам на таа генерација – тешко можат да замислат војна во Европа – рече Путин пред новинарите на заедничката конференција со Шолц.

    Сепак, продолжи тој, сите бевме сведоци на војна во Европа што НАТО ја започна против Југославија и на бомбардирањето на една од европските престолнини – Белград.

    – Тоа навистина се случи, без никакви санкции од Советот за безбедност на ОН. Тоа е многу тажен пример, но и непобитен факт – рече рускиот претседател.

    На забелешката на Шолц дека бомбардирањето на НАТО во 1999 година следело за да се спречи геноцид, Путин рече дека тоа што се случува денес во Донбас секако е геноцид, пренесе ТАСС.

    Сепак, германскиот канцелар го критикуваше Путин дека ситуацијата во Донбас ја нарекол геноцид, оценувајќи ја таквата квалификација како погрешна.

    – Зборот геноцид, кој рускиот претседател го употреби на заедничката прес-конференција, е силен и погрешен – порача Шолц.

    Во своето обраќање пред новинарите, Шолц оцени дека разговорот со рускиот претседател бил искрен.

    Зборувајќи за безбедноста во Европа, тој истакна дека долгорочна безбедност во Европа може да се постигне само со Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img