More

    Убавата Лилијан го чекаше да излезе од затвор

    spot_img

    Поранешната тениска ѕвезда Борис Бекер, беше дел од спортскиот џет-сет на гала вечерта во Мадрид на  доделувањето на наградата Лауреус за најголемите спортски дистигнувања. На црвениот тепих во Мадрид славниот германски тенисер се појави во друштво со неговата вереница Лилијан де Карваљо Монтеро./ Атрактивната Лилијан која е 23 години помлада од Бекер, го чекала да излезе од затворот во Лондон каде тенискиот ас во 2022 одлежа 8 месеци поради затајување данок и финансиски малверзации.

    Една година подоцна, Бекер одново е на црвениот тепих во друштво на најголемите спортисти во историјата, а наскоро треба да стапне и на „лудиот камен“ со убавата Лилијан.

    Лилијан е менаџерка за проценка на политички ризик, по потекло е од Сао Томе и Принципе, а со Бекер е во врска неколку години. Претходно Бекер имаше два пропаднати брака, за Лилијан вели дека е „љубовта на неговиот живот“ и исклучително ја  почитува бидејќи остана покрај него и во најтешките моменти. Сега живеат заедно во Милано.

    – Преживеав поради нејзината љубов. Да, таа е големата љубов на мојот живот. И се надевам дека секогаш ќе бидам со неа – изјави во една прилика Борис Бекер.

    Да потсетиме, минатата година Бекер накратко соработуваше со Холгер Руне, наследникот на Новак Ѓоковиќ, додека неодамна се шпекулираше дека тој повторно би можел да биде тренер на Нолет.

    Поранешниот шампион на Вимблдон, во декември 2022 година беше е ослободен од затвор откако отслужи осуммесечна казна за прикривање имот и заеми вредни речиси 3 милиони евра во обид да избегне отплата на долгот.

    Овој 56-годишен Германец во април беше осуден на две и пол години затвор откако беше прогласен за виновен по четири обвиненија според Законот за несолвентност, но потоа казната му беше намалена.

    Борси Бекер извесен период му беше тренер на Новак Ѓоковиќ, а минатата година накратко соработуваше со Холгер Руне. На доделувањето на наградите во Мадрид, Бекер долго аплаудираше на говорот на Новак Ѓоковиќ кој доби Лауреус за најдобар спортист во 2023 година, а потоа му упати честитки за наградата. Во медиумите веќе се шпекулира дека Борис Бекер повторно би можел да му биде тренер на Ѓоковиќ кој неодамна ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ по лошиот старт во сезоната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img