More

    Со кифла од 8 сантима за вечера, еве како се грижат за нас, ние кои треба да се грижиме за вас

    spot_img

    Знаете што е понижување на медицински персонал? Знаете зошто ќе нè лекува Цацко за 5 години? Ако се запрашувате како нè третираат – еве вака!!!, револтирано реагираше хирург од Клиниката за неврохирургија откако на социјалните мрежи го сподели оброкот кој го добил на работното место.

    Во продолжение можете да го прочитате целиот текст кој беше споделен на Фејсбук.

    „Дежурен цела ноќ (од 20-08 часот),

    Кралица на медицината била хирургија, а титулата ја добила по тежина на пациентите и негата околу нив од нас, професионалците што треба да им ја дадеме. И да, така е.

    Еве јас имам 28 пациенти тешки, исклучително тешки денес оперирани, од Интензивна излезени, а и веќе имам два приема итни од другите градови, затоа што ние ја покриваме цела држава, буквално цела.

    Е, сега да ја видиме нашата вечера и колку тоа се грижат за нас кои треба да се грижиме за сите вас и вашите блиски.

    Еве, ова е таа една, ама високо калорична кифла од 8 сантима со наградна игра внатре во неа, а се вика „Најди го сиренцето“ (јас имам среќа па неколку пати го имам најдено, навистина има урда внатре верувајте ми со свои очи ја имам видено).

    Германијооо чекајте нè, утре уште еден автобус со медицински персонал трга натака и така секој ден по еден …

    Уште бугарите у Устав и стижемоо Европо!“, пишува неврохирургот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img