Со автомобилот удрил во автобус полн со патници

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

41-годишен македонски државјанин возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа во Хрватска. Тој со својот автомобил излетал од патот, а потоа удрил во автобус полн со патници. Несреќата, во која за среќа, нема посериозно повредени, се случила во близина на градот Пазин во Истра.
Полицијата во Пазин на Истра вчера околу 19:20 часот добила пријава за сообраќајна незгода во која автомобил удрил во автобус. Од спроведената кривична истрага е утврдено дека 41-годишен македонски државјанин, под дејство на алкохол од 1,39 промили управувал автомобил со пулски регистарски таблици на коловозот Бадерна – Пазин. Возачот не се движел во обележаната сообраќајна лента, излетал од коловозот и удрил во патоказ, по што се вратил на коловозот и удрил во автобус со риечки регистарски ознаки. Во моментот на несреќата во автобусот имало 25 патници и еден возач, но никој од учесниците не е повреден, соопшти хрватската полиција.

Против 41-годишникот е поведена прекршочни постапки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Share This Article