Со 76 ласа за и 6 против, Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија.
Против гласаа само пратениците од Левица.
Веднаш по гласањето Гаши даде свечена изјава и се обврза дека својата функција претседател на Собранието ќе ја извршува често и совесно.
Тој на албански јазик им се обрати на граѓаните:
– Ја прифаќам одговорноста да го водам ова Собрание и им благодарам на гласачите кои ни дадоа мандат да бидеме нивни претставници. Сакам да им се заблагодарам и на пратениците кои беа дел од изборот на претседател на Собранието. Ова е убавината на демократијата – рече Гаши.
Погледнете како гласаа пратениците: