Кејт Мидлтон ја покажа својата грижлива страна во Сандрингем, каде што исто така се собраа многу граѓани да и оддадат почит на кралицата Елизабета Втора.
Меѓу многуте насобрани имало и деца од локалното училиште кои донеле цвеќе за кралицата, а Кејт малку разговарала со нив, а потоа ги изненадила со чинот.
Едно од девојчињата тргнало со неа кон купот цвеќиња, а Кејт го зела нејзиниот букет. Девојчето носело кадифено куче корги, кое кралицата многу го сакаше, а Кејт и девојчето заедно ги положиле играчката и цвеќињата на куп со остатокот од подароците.
Интересно е што и девојчето се вика Елизабета, а нејзиниот учител за британските медиуми открил дека девојчето заплакало од среќа.
„Отидов со неа да ставам цвеќе и корги. Таа рече: „Што мислиш, каде треба да ги положиме цвеќињата? Ѝ реков: „Треба да го ставиме таму““, изјавило девојчето подоцна за „Санрајс“, пренесува „Дејли мејл“.
„Елизабета беше возбудена, плачеше од радост што е избрана. Тоа е само прекрасна, неверојатна можност“, додал нејзиниот учител.
Учителот рекол и дека и помладите генерации многу добро ја знаеле за кралицата и дека целата ситуација исто ги погодува, бидејќи тие секогаш ја гледале кралицата како симбол на Кралството.
„Постарата генерација очигледно подолго ја познаваше кралицата, но малите деца кои долго време не ја виделе кралицата на тронот сè уште се многу трогнати од нејзиното заминување и навистина сакаат да дадат сѐ од себе за да го прослават нејзиниот живот и наследство и никогаш да не ја заборават“, рекол тој.
Заедно со Кејт и Вилијам ги посетувал луѓето, а со медиумите споделил дека сето тоа го потсетува на испраќањето на неговата мајка, принцезата Дијана во 1997 година.
Откако една ожалостена сограѓанка рекла дека се чувствува емотивно и дека е расплакана, тој рекол: „Немој сега да плачеш – и јас ќе се расплачам“.
Погребот на кралицата ќе биде в понеделник, а членовите на кралското семејство дотогаш ги чекаат уште многу обврски за да можат достојно да ја испратат кралицата.