More

    Снимени се окото на вртлогот и катастрофите на Карибите

    spot_img

    Разорни втрови со брзина од 270 километри на час и кревање на морето за 2,7 метри се очекува во Јамајка. Главниот град Кингстон ја исклучи струјата како мрека против ураганот Берил кој за неколку часа ќе ги погоди јужните делови на оваа земја, според Американскиот нацоинален центар.

    Досега седум лица загинаа во Гренада, Венецуела и Св. Винсент и Гренадини. Станува збор за ураган кој завчера над Атлантскиот океан достигна петта, максимална категорија, а потоа ослабе до четврта, која се смета за „потенцијално катастрофален“.

    Според американската Национална океанска и атмосферска администрација (НОАА), центарот или „окото“ на ураганот Берил продолжува да се движи и е на помалку од 100 километри од главниот град. Во моментот во Кингстон ветрот дува со 85 километри на час, но забрзува.

    Премиерот на Јамајка Ендрју Холнес ѝ се обрати на јавноста:

    фото: икс/принтскрин

    – Ги повикуваме сите Јамајканци да се придржуваат до известувањата за евакуација доколку и кога ќе бидат издадени.

    Тој, исто така, им порача на луѓето кои живеат во ниските области да се евакуираат на повисоки места или во засолништа, дури и ако во моментов не се под предупредување за евакуација.

    Тоа ги вклучува жителите во областите „историски подложни на поплави и лизгање на земјиштето“ и оние што „живеат на бреговите на река или клисура“, рече Холнес. „Hurricane Hunters“ објавија видео снимено вчера во „окото“ на ураганот.

     

    Блокиран е патот кој води до меѓународниот аеродром Норман Менли, кој се наоѓа на полуостровот. Џиновски карпи кои се користеле за заштита на брегот од бранови биле срушени и паднале на патот.

    Новинарот на Би-Би-Си Ник Дејвис се јави од Јамајка и известуваше за нервната атмосфера во која жителите го чекаат ударот на ураганот Берил.

    – Тоа е чудна ситуација – чекајќи ураган. Тоа е исто како да гледате сообраќајна несреќа во забавена снимка, знаејќи дека нема натчовечка сила што го води она што доаѓа на патот – вели тој и додава:

    – Мора да се надевате на некое метеоролошко чудо кое ќе ве спаси вас и вашите. Луѓето во регионот знаат дека секоја година ќе има можност од ураган кој потенцијално ќе уништи животи и секако ќе ги промени животите. Само се надевате дека ќе ве одмине.

    Во некои делови на Јамајка се очекуваат и до 30 сантиметри дожд, што може да предизвика поплави и лизгање на земјиштето. Речиси истото се очекува и на Кајманските Острови.

    Ураганот веќе опустоши остров на Карибите, а шест лица загинаа. Речиси секоја зграда на островот Унион, кој е дел од Сент Винсент и Гренадини, беше срамнета или сериозно оштетена по моќниот ураган Берил. Снимките ја покажуваат разликата пред и потоа:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img