Силна експлозија одекна во четвртокот вечерта во рускиот град Белгород, 40 километри северно од руската граница со Украина.
Руската државна новинска агенција Тас, повикувајќи се на Министерството за одбрана, објави дека руски воен авион случајно истрелал проектил.
„Додека авионот Сухој Су-34 на воздухопловните сили летал над градот Белгород, дошло до случајно испуштање на муниција на авијацијата“, соопштено е.
Експлозијата создаде кратер од 20 метри на една од раскрсниците во градот. Оштетени се четири автомобили и четири станбени згради, изјави локалниот гувернер.
Погледнете го видеото подолу: