More

    Снимање на Тик-Ток видео била причината зошто 14-годишното девојче се качило на железничкиот вагон до кој стоела цистерна во синоќешната трагична несреќа во Општина Илинден

    spot_img

    Снимање на Тик-Ток видео била причината зошто 14-годишното девојче се качило на железничкиот вагон до кој стоела цистерна во синоќешната трагична несреќа во Општина Илинден.

    Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, за Телма потврди дека се работи за смрт од струен удар, а дека на местото биле присутни три другарки, тинејџерки, кои дошле околу 21 часот. Девојчето починало на самото место. Интервенцијата на пожарникарите траела до 21 часот и 45 минути, а потоа симнатото тело било дадено на обдукција.

    – Сите мора да внимаваме на нашите деца, особено на малолетниците каде се движат и што прават затоа што за жал ова не е прв случај и за да ги заштитиме нашите деца мора да преземеме соодветни мерки за да се укаже дека не смее да се движат во тие делови и особено да се качуваат на вагоните затоа што се многу опасни и може да настане последица од струен удар – изјави Ангеловски.

    Слична трагедија со Тик-Ток видео се случи пред неколку месеци во скопско Маџари, кога 17-годишна девојка на идентичен начин доби тешки изгореници по телото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img