Снегот и ветерот создаваат големи проблеми на патиштата во Србија и Хрватска

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
PRODUCTION - 23 December 2024, North Rhine-Westphalia, Winterberg: A snow plow drives over a road that has already been cleared. The ski resorts in the Sauerland are expecting the first big rush of guests of the season around the holidays. Photo: Bernd Thissen/dpa,Image: 949466361, License: Rights-managed, Restrictions: GERMANY OUT, Model Release: no, Credit line: BERND THISSEN / AFP / Profimedia
- Advertisement -
Ad image

Снегот кој продолжува да паѓа предизвика големи проблеми особено во сообраќајот во Србија и Хрватска.

Во неколку области на запад и југ од Србија до среда се очекуваат нови 20 до 40 сантиметри снег, а во планинските области и до 50 сантиметри, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) на Србија.

Според прогнозите, снежната покривка ќе се згусне и во Белград за десет до 15 сантиметри, каде има проблеми во сообраќајот. Снег ќе паѓа главно во западниот дел на Србија каде е на сила црвено предупредување.

ЕП: Снегот ја влоши состојбата, 127 илјади домаќинства во БиХ се без струја

Невремето во последните два дена предизвикува големи главоболки на подрачјето на Далмација во Хрватска. Пожарникарите во Сплит отстранија неколку паднати дрвја и улични светилки кои оштетија паркирани возила.

Проблеми поради ветрот има и во другите делови на јадранското крајбрежје, а поради силниот ветер пожарникарите неколкупати мораа да интервенираат и во Загреб.

На некои места во Далмација ветерот достигна брзина од 120 километри на час, поради што се уште се во прекин бројните фериботски врски.

Поради ветерот и снежните наноси затворена е и делницата од автопатот А1 што го поврзува Загреб со Далмација.

Метеоролозите предупредуваат дека невремето ќе продолжи и денеска, што значи дека постои можност снегулките со помош на ветерот да стигнат до крајбрежните области.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article