More

    Снабдувањето од Русија се одвива нормално

    spot_img

    Дали земјава ќе куртули од руските санкции со исклучување на гасот е прашање за кое одговор има само руската страна кој треба да одлучи дали ќе ја санкционира земјава поради нејзиното приклучување кон европските занкции. Исклучувањето на Бугарија од снабдувањето на гас, меѓутоа не значи и исклучување на земјава од гасоводот. Тоа го потврди и „Гаспром“ со соопштение, а и компанијата „Макпетрол“ која ја снабдува земјава со гас. Од компанијата информираа дека снабдувањето со гас оди нормално.

    Владата најави прес конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. Не се знае што планира владата во однос на снабдувањето со гас, ако Русија одлучи да ги прошири санкциите и за земјава.

    Русија денеска ги запре испораките на гас за Бугарија од каде што со гас се снабдува и земјава, но како што анализира руската агенција ТАСС третите земји кои се снабдуваат преку гасоводот нема да трпат штети.

    Агенцијата тврди дека руската гасна компанија „Гаспром“ со соопштение предупредила дека Бугарија и Полска како транзитни земји не смеат да земаат гас кој е наменет за трети земји.

    „Во случај на неовластено одземање на руски гас од количините наменети за транзит во трети земји, транзитираните резерви ќе се намалат за обемот што е преземен“, се вели во соопштението на „Гаспром“.

    И компанијата „Макпетрол“ соопшти дека прекинот со снабдување на Бугарија со природен гас од Русија не е поврзан со снабдувањето со природен гас во Македонија.

    -Прекинот со снабдување на Бугарија со природен гас од Русија не е поврзан со снабдувањето со природен гас во Македонија. Снабдувањето со природен гас на „Макпетрол“, а потоа и до крајните потрошувачи, се одвива непречено и без никаков застој – изјавија за Плусинфо од „Макпетрол“.

    Регулаторната комисија за енергетика информираа дека технички нема проблем да се снабдуваме со гас од русија, иако Бугарија е исклучена, но велат дека состојбата е комплексна и зависи од одлуките што ќе ги донесе Русија.

    – Според достапните информации со кои располагаме, „Макпетрол“, кој е долгогодишен трговец со природен гас, ги има подмирено обврските кон „Газпром“ навреме, што  подразбира стабилна испорака на природен гас. Сепак, состојбата е комплексна и континуирано се следи и зависи од одлуките што Русија ќе ги донесе – дали ќе ја прошири листата на земји кон кои ќе ја стопира или ограничи испораката на природен гас, велат од РКЕ.

    И експерти велат дека технички со исклучувањето на Бугарија од испораките на гас не значи и исклучување на земјава од гасоводот.

    Професорот Константин Димитров неодамна за Плусинфо изјави дека снабдувањето на земјава со гас зависи од тоа какви договори имаат потпишано снабдувачите со гас ТЕ-ТО, БЕГ и „Макпетрол“.

    – Тоа се приватни фирми и верувам дека имаат повеќемесечни договори за снабдување и ќе обезбедат гас за домашните потрошувачи. Но не е проблем само снабдувањето со овој енергенс, проблем е што нашето стопанство иако има можност за снабдување со гас користи само половина од количините кои можат да влезат во земјава од единствениот гасоводен приклучок на земјава – вели Димитров.

    Енергетскиот консултант Митко Андреевски денеска од Софија за „Слободен печат“ изјави дека гасот за земјава не е прекинат, но како ќе се одвива ситуацијата натаму засега не се знае.

    – Засега Македонија добива гас од Русија преку Бугарија. Но како ќе се одвиваат понатаму работите никој не може да предвиди. Бугарија има алтернативи, но Македонија нема алтернатива за овој гас што од Русија преку Бугарија доаѓа во Македонија – изјави Андреевски.

    Сепак, земјава може да се соочи со криза за набавка на гас, ако Русија одлучи да ја запре испораката на гас за Европа и да ја казни земјава за санкциите. Земјава речиси е целосно зависна од увоз на гас од Русија од каде што увезува 90 отсто од потребите.

    Поголеми корисници на гас се компаниите во технолошко индустриските зони кои би ги почувствувале последиците од евентуалното запирање на испораката. Гасот се користи и за загревање на градот Скопје, но сега грејната сезона е завршена, а што ќе биде со наредната грејна сезона не се знае.

    Регулаторната комисија за енергетика има издадено 15 лиценци за трговија со природен гас, 2 лиценци за снабдување со природен гас, како и една лиценца за снабдување со природен гас во краен случај.

    Најголем увозник на природен гас е ТЕ-ТО, со учество од близу 80 отсто, додека „Макпетрол“ Скопје учествува со 20 отсто.

    Годишно земјава троши по околу 300 милиони кубни метри гас. Преносниот гасоводен систем е проектиран за физички капацитет од 800 милиони кубни метри природен гас годишно.

    Енергетските експерти посочуваат дека Македонија и во наредниот период нема да може да смета на некоја позначајна алтернатива, бидејќи нема капацитети за складирање на гасот, како и фактот дека нема и инфраструктура и технологија за евентуална испорака, преработка и складирање на течен гас кој би се набавил од САД.

    Нашата земја се вклучи во проектот за изградба на терминал за течен гас во Александрополис, Грција, но до конечната реализација на овој проект сепак, ќе помине уште време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img