Четири жени го обвиниле познатиот британски инфлуенсер дека биле злоставувани од него, обвиние поради кое тој во неколку дена ги загуби сите договори за книги, емисии… Расел Бренд, 48-годишниот стенд-ап комичар кој беше познат и како поранешно момче на поп-ѕвездата Кејти Пери ја крена прашината во јавноста во Велика Британија, а неговиот случај многумина го споредуваат со случајот со инфлуенсерот Ендру Тејт.
Во случајот со Бренд, тој стана славен во шоуа како „Големиот Брат“, а подоцна, во својот подкаст зборувајќи за разни теории на заговор и контроверзни теми во општеството. Стана и гуру за здрав живот.
– Не плашете се од сопствената сексуалност. Сепак, малку плашете се од мојата – рекол во една прилика во своето истоимено шоу.
Актерот и инфлуенсер силно ги отфрли сите наводи во заедничката истрага на Тајмс, Сандеј Тајмс и Канал 4. Од четирите жени кои се пожалија ја злоставување, една жена тврди дека ја силувал на ѕидот во неговата куќа во Лос Анџелес во јули 2012 година откако одбила да му се придружи во сексуална активност со негов „пријател“.
Втората вели дека сексуално ја злоставувал на крајот на врската која започнала кога таа имала 16, а тој 31 година. Го запознала во продавница, а во врска биле 3 месеци во текот на кои Расел ја поттикнувал да го крие тоа од нејзините родители. Третата жена го обвинува актерот за физичко злоставување и сексуален напад во текот на 6-месечната врска во 2007 година.
Четвртата вели дека физички и сексуално ја злоставувал, исто така во неговиот дом во Лос Анџелес, откако го запознала на состанок на Анонимни алкохоличари.
Алис, 16-годишната девојка која тврди дека била злоставувана од Бренд тврди дека тој ѝ рекол да го запише неговиот број во мобилниот телефон, но под друго име. Таа, наводно била собрана од училиште со автомобил на Би-Би-Си и одведена во домот на Бренд.
Еве некои од нејзините изјави за Би-Би-Си:
„Тоа беа моите први сексуални искуства и се чувствував искористено, се чувствував евтино, се чувствував извалкано од целата работа“.
„Расел ме дотера, ме тренираше што да им кажам на моите родители… Ми рече да го зачувам неговиот број во телефонот на друго име“.
„Мислам дека барем треба да почнеме да размислуваме за промена на идеите за согласност, бидејќи поединците на возраст од 16 до 18 години можат да имаат односи со луѓе на иста возраст“.
Документарниот филм и придружните извештаи содржеа сериозни наводи, кои опфаќаат неколку години. Расел Бренд работеше на радио програми на Би-Би-Си помеѓу 2006 и 2008 година. Од Би-Би-Си велат дека итно ги разгледуваат покренатите прашања.