Словачкиот премиер открива дека „не се прави мировен туку воен план“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Словачкиот премиер Роберт Фицо по денешната владина седница изјави дека некои земји-членки на ЕУ и на НАТО размислуваат да испратат војници во Украина на билатерална основа.

Тој не наведе никаков извор за своите изјави, нагласувајќи дека не е овластен да навлегува во детали.

Изјавата на Фицо дојде пред состанокот на лидерите на ЕУ во Париз, организиран од францускиот претседател Емануел Макрон, чија цел е зајакнување на западната поддршка за Украина.

Фицо го опиша собирот како „борбен состанок“. Тој изјави дека Словачка нема да испраќа свои војници на територијата на Украина.

– Словачка ќе ѝ понуди на Украина можност да обучува војници на наша територија, поточно единици за деминирање. Тезите на преговорите сведочат за фактот дека работите во Украина одат далеку над очекувањата. Како е можно да имаме воен план, а не мировен план – изјави премиерот на Словачка по состанокот на владата.

Во Париз ќе има разговори за „нов квалитет, нов обем на поддршка за Украина во наредниот период“, рече Фицо и додаде дека сака да ја отвори темата за мировниот план.

Словачкиот премиер откако беше избран минатиот октомври, изнесе низа забелешки кои ги влошија врските меѓу Словачка и соседна Украина.

Преостанатите две коалициски партии, Глас и Словачката национална партија (СНС), се согласија со одлуката да не се испраќаат словачки војници во Украина.

Во меѓувреме, утре во Тирана почнува самит Украина – Југоисточна Европа, на кој ќе присуствува украинскиот претседател Володимир Зеленски. Поради тоа безбедносните мерки во Тирана се подигнати на највисоко ниво.

- Advertisement -
Ad image

На Зеленски ова му е прва посета на Тирана, каде ќе пристигне вечерта на 27 февруари, ден пред дводневниот самит, на кој е најавено учество на 13 европски лидери, вклучително и шестмината од Западен Балкан, како и претставник на ЕУ.

Зеленски денеска изјави дека Украина добила Украина доби само 30 отсто од милион артилериски гранати што Европската Унија вети дека ќе ги испорача.

– Од милион гранати што ни ги вети Европската унија, за жал, не дојдоа 50 отсто, туку само 30 отсто – рече Зеленски на прес-конференцијата со бугарскиот премиер Николај Денков во Киев.

- Advertisement -
Ad image

Денков, кој денеска го посети Киев, имаше средба со Зеленски и ја потврди поддршката на Бугарија за Украина. Тој истакна дека бугарската влада стои на страната на правдата и ќе продолжи да ја брани независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

– Нашата поддршка за Украина е заштита на самите нас – рече Денков на заедничкиот брифинг со Зеленски.

Според него, „амбициите за руска агресија се директна закана за националната безбедност на Бугарија“.

 

Share This Article