More

    Москва најави одмазднички мерки доколку Западот го направи овој потег

    spot_img

    Како што истакна министерката за надворешни работи Марија Захарова, Русија има на располагање значајни западни фондови и средства „кои може да бидат предмет на одмазднички акции“.

    Москва нема да открива одмазднички мерки во случај на конфискација на руски имот на Запад, но доколку тоа се случи „нема да бидат поштедени“, изјави официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

    – Во случај на конфискација на руски имот, Русија ќе се води од принципот на реципроцитет во меѓународните односи, кој го предвидува неотуѓивото право на одмазднички мерки. Сето тоа немаме намера да го откриваме, но дејствијата ќе бидат одлучувачки. Никој нема намера да се однесува лесно во случај на обиди да се користат руските резерви како колатерал за обврзници, кои Западот наводно би можел да ги издаде за да привлече приватен капитал за финансирање на режимот во Киев – рече Захарова.

    Како што истакна таа, Русија има на располагање значајни западни фондови и средства „кои може да бидат предмет на одмазднички акции“.

    – Сите поединци и фондови, кои одлучуваат за вакви финансиски инструменти, ќе бидат први кандидати за контрасанкции со далекусежни последици за нивниот меѓународен бизнис – рече Захарова.

    По почетокот на специјалната операција, ЕУ и земјите од Г-7 замрзнаа речиси половина од девизните резерви на Русија во износ од приближно 300 милијарди евра. Во Брисел разговараат за тоа како би можеле да ги искористат замрзнатите руски средства за финансирање на обновата на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img