СЛОБОДА МИЌАЛОВИЌ ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТ ОТКАКО БЕШЕ ПРЕТЕПАНА

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српската актерката Слобода Миќаловиќ недоамна беше примена во Ургентниот центар во Белград откако се пожалила во полиција на повреди кои наводно ѝ ги нанела извесна жена С. Д.(47) по физичката пресметка на паркингот на плоштадот „Караѓорѓев трг“ во Земун.

Сега, фотографите на „Блиц“ ја „уловија“ Слобода на аеродромот, по враќањето од Германија со колегата Вук Костиќ. Тие ја одиграа претставата „Детски повреди“ во Франкфурт, Германија, по што имаше голем аплауз од публиката.

На фотографиите може да се види дека актерката носела тренирки и капа со која го криела лицето, а судејќи по кадрите изгледала расположена, по инцидентот што се случи во Земун.

Да потсетиме, конфликтот се случил на плоштадот Караѓорѓев, додека актерката го паркирала своето возило. Според полицискиот извештај, 47-годишната жена ја обвинила Миќаловиќ дека ја удрила во пределот на коленото со нејзиниот автомобил, обвинение кое актерката го демантира.

По вербалната расправија, ситуацијата прераснала во физичка пресметка – жената почнала да ја влече актерката за коса и ја извлекла од автомобилот. И двете учеснички во расправијата побарале лекарска помош, а полицијата веднаш започнала истрага за околностите во кои се случил конфликтот, имајќи ги предвид изјавите на двете страни.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, гореспоменатата С.Д. може да се соочи со затворска казна од три месеци до три години.

Фотографиите може да ги погледнете ТУКА.

Share This Article