Славните актери снимија краток филм за „Шанел“, луѓето воодушевени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бред Пит и Пенелопе Круз заедно снимиле кампања за луксузната модна куќа „Шанел“. Имено, актерите снимиле краток црно-бел филм во кој се појавуваат како вљубен пар и рекреирале сцени од филмот „Man and a Woman“. Ова видео му оддава почит на француското одморалиште Довил, местото каде што Коко Шанел ја отворила првата продавница на брендот.

– Снимањето за Шанел траеше два дена и одлично се забавувавме. Беше одлично – изјави Пенелопе за „Вог“. Со видеото била отворена ревијата на „Шанел“ на Модната недела во Париз.

Овој краток филм ги одушеви сите. Луѓето во коментарите напишаа дека Пенелопе и Бред треба да снимат филм заедно.

„Ова е одлично, како да гледам филм. Би требало да снимаат заедно“, „Премногу добро, и двајцата изгледаат одлично“, „Навистина треба да снимат филм заедно“, се дел од коментарите.

Share This Article