More

    Бранислав Лечиќ одбил хонорар од продуцентската куќа, откако српската актерка одби да глуми со него

    spot_img

    Поранешниот српски министер за култура и познат актер Бранислав Лечиќ ја тужеше својата колешка Анѓела Јовановиќ за повреда на честа и угледот, откако младата актерка одби да игра со него во четвртата сезона на популарната ТВ-серија „Радио Милева“, поради што неговиот ангажман беше и откажан. Тие двајца ќе се сретнат денеска на првото прелиминарно рочиште, а Лечиќ од неа бара да му исплати отштета во износ од 300.000 динари.

    Но, она што ја шокираше јавноста е фактот што продуцентот на серијата „Радио Милева“, како што дознава српски „Курир“, му понудил на Бранислав Лечиќ веднаш да му го плати целиот хонорар предвиден за таа епизода. Меѓутоа, Лечиќ одбил, а на нивната понуда тој одговорил барајќи само едно.

    Во тужбата што актерот ја поднел против неговата колешка, стои дека „кога обвинетата Анѓела Јовановиќ дознала дека Лечиќ треба да се ангажира на снимањето на серијата „Радио Милева“, јавно се побунила и изјавила дека не сака да си игра со силувач и сексуален насилник, како и дека ако Лечиќ биде ангажиран на снимањето на серијата, ќе го напушти проектот од револт“. Во тужбата понатаму се наведува дека продуцентската куќа била принудена да го откаже ангажманот на Лечиќ „имајќи предвид дека Анѓела Јовановиќ долги години игра во серијата и дека публиката има одредени симпатии за нејзиниот лик“.
    Како што дознава Курир, Лечиќ требало да гостува во серијата како епизоден лик, а во спорната сцена ликот на Ангела требало лажно да го обвини „новиот“ актер за силување. Откако актерката се побунила, улогата која претходно беше наменета за Бранислав му припадна на Ирфан Менсур.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img