More

    Славниот пејач го ожени синот во Дубровник, па го посрамоти

    spot_img

    Свадбата на годината во Хрватска се одржа во петокот во Дубровник, каде хокеарот Лиам Стјуарт, син на легендарниот музичар Род Стјуарт и Никол Артуковиќ, Американка со корени од Херцеговина и Конавле го изговорија судбоносното „да“. За лудата забава со денови се пишуваше во хрватските медиуми, а специјален гостин беше Петар Грашо кој ја расплака невестата.

    Род Стјуарт вчера објави семејна фотографија пред црквата Св. Игнатија, каде што се одржа свадбата.

     

    „Исклучително сум горд што бев сведок на прекрасната свадбена церемонија на мојот син Лиам и неговата невеста Никол. Каква прекрасна комбинација на семејството Стјуарт и семејството Артуковиќ. Нека продолжат да пронаоѓаат радост, љубов и смеа додека живеат и нека родат уште многу бебиња кои ќе му се придружат на нивното мало едногодишно момче Луи“, им порачал Род на младенците.

    Но по ова Род одлучил да се пошегува. Фотографијата која ја објави на својата инстаграм-приказна, а на која стои во барот на хотелот во Дубровник каде се одржа приемот на гостите во црвени боксери, го привлече вниманието на сите. До него седи неговиот најмлад син Ејден Патрик, а покрај фотографијата пишува: „Како да го посрамотите својот најмлад син во барот во хотелот по долгиот активен викенд“.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img