Турската актерка Бергузар Корел и сопруга на турскиот актер Халит Ергенч, познат по својата насловна улога во хит серијата „Сулејман Величествениот“, минатото лето се одлучи за драстична промена на фризурата – ја обои својата густа црна коса во руса и ја истрижа во паж. Убавата Бергузар, позната по улогата на Шехерезада во турската хит серија „1001 ноќ“, ова лето го одзема здивот во костим за капење.
Бергузар Корел, која во август ќе наполни 42 години, никогаш не изгледала подобро, е општиот заклучок по најновите фотографии на Инстаграм. Турската актерка летото го дочека спремна и во совршена форма, а едноделениот костим за капење одлично и стои.
Бергузар не откри каде летува со сопругот Халит Ергенч и децата, синовите Али и Кан и ќерката Лејла, но секојдневно ги воодушевува обожавателите на социјалната мрежа Инстаграм со прекрасни фотографии од одморот.
„Танцував, јадев многу сладолед, се наситив со ќофтиња, патлиџани и маслиново масло. Тоа беше продуктивен викенд“, напиша Бергузар покрај една од фотографиите.
Еден од најпопуларните турски парови пред камерите последен пат заедно се појавија во 2016 година, во серијата „Ти си мојата татковина“. Пред снимањето, тие не беа во најдобра физичка форма, па Бергузар осмисли диета која им помогна да се ослободат од несаканите килограми за краток временски период.
Халит ослабе 14 килограми, а неговата сопруга седум.
„Јадам сиров зеленчук и полупечено месо. Ги исфрлив шеќерот, намирниците со глутен и млечните производи. Всушност, главно бев на сирова храна“, раскажал во една прилика Ергенч.
Во деновите на снимањето, кои биле долги и исцрпувачки, актерот јадел ѓумбир, зелени јаболка, моркови, цвекло, спанаќ и целер, потаж од тиква, салата од киноа… Пиел лимонада или пијалак од житарки, а не се откажувал ниту од слатко – омилен му бил десерт од нане, портокал, какао и урми.