More

    Бебе Реџа мораше да го прекине концертот

    spot_img

    Пејачката Бебе Реџа мораше да го прекине концертот во два наврати бидејќи обожавателите од публиката почнаа да фрлаат работи на сцената. Пејачката минатата година некој од публиката ја удри со мобилен телефон во главата, па Беба заврши во болница, а сега од концертот избркала 10 обожаватели кои фрлале на неа разни предмети.

    „Надвор, надвор… Или ако сакаш да ме удриш в лице, знај дека веќе еднаш поднесов тужба, би сакала да станам побогата, па само напред, душо. Тоа беше шега, те молам, немој да го правиш тоа“, му се обратила на еден од нив во видеото кое се шири на социјалните мрежи.

     

    Да потсетиме, откако некој ја погоди Бебе Реџа со мобилен телефон, видеото стана вирално, а фрлањето предмети на ѕвезди на сцена стана бизарен тренд. По неа, истото му се случи и на раперот Дрејк, додека пејачот Хари Стајлс беше погоден в лице, а пејачката Ава Макс доби шлаканица од обожавател.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img