More

    Славната пејачка се породи, доби син

    spot_img

    Британската пејачка Џеси Џеј лани објави дека е бремена. По турбулентниот животен период во кој го загуби бебето и се бореше со лошо здравје, на пејачката и се оствари најголемиот сон – стана мајка. Џеси Џеј откри дека добила син со нејзиниот долгогодишен партнер Чанан Сафир Колман.

     

    „Сите мои соништа се остваруваат со него. Пред една недела ми се смени целиот живот. Мојот син влезе во овој свет и моето срце се удвои во големина. Чувството е неописливо“, напиша таа.

    „Летам вљубена. Тоа е магија. Сите мои соништа се остваруваат овде. Тој е целиот мој свет. Ја впивам секоја секунда и уште не ми се верува дека е реално, еве го и моето. Благодарна сум на сите што ме следеа. Ќе се вратам на Инстаграм кога ќе бидам подготвена“, напиша Џеси Џеј.

    Да потсетиме, пејачката го загуби своето бебе во 2021 година, што многу тешко го прифати.
    Џеси Џеј имаше спонтан абортус во ноември 2021 година, а лекарите во минатото ѝ предвиделе дека никогаш нема да може да стане мајка.

    „Ми рекоа дека не можам да имам деца, но не верувам во тоа. Верувам во чуда и не се откажувам“, рекла во една прилика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img