More

    Славната пејачка раскина со дечкото откако обожавателите ја обвинија за предавство

    spot_img

    Ѕвездата на К-поп (Јужнокореанска поп музика), Карина (23) ја прекина врската со актерот Ли Џе-вук, откако обожавателите ја обвинија за предавство, пишува Би-би-си.

    Од агенцијата на актерот изјавија за медиумите дека Ли „сака да се фокусира на глумата“, но дека ќе продолжи да ја поддржува Карина. Пејачката на Инстаграм порача дека се извинува што ги изненадила своите обожаватели и дека во иднина ќе покаже „позрела и повредна страна“.

    Потсетуваме, нејзините обожаватели неодамна дојдоа со камион со екран со натписи посветени на пејачката до нејзната агенција.

    „Дали љубовта што ти ја даваат твоите обожаватели не е доволна?“, гласела една од пораките до Карина. „Зошто нè изневери?“, гласела втората.

    По лутите реакции на нејзините обожаватели, Карина објави писмо на Инстаграм во кое им се извинува и им вети дека ќе им ги „излекува раните што им ги нанела“, пренесува Би-би-си.

    А, зошто таа мораше да се извини? Пејачката, чие вистинско име е Ју Џи-мин, е на чело на бендот „Аеспа“ откако тие првпат се појавија на сцената во 2020 година со нивниот деби-сингл „Black Mamba“. Минатата година нивниот револуционерен албум „My World“ беше продаден во повеќе од 2,1 милиони примероци во Јужна Кореја.

     

    Врската на Карина со актерот Ли беше откриена на 27 февруари, а парот потврди дека се запознале минатата година. Нејзината агенција „C-JeS Studio“ побарала почит од јавноста бидејќи тоа е нејзин приватен живот, објави „Њујорк пост“.

    Но, во Јужна Кореја пред нешто повеќе од 10 години, беше широко распространета практика меѓу К-поп агенциите да им забрануваат на своите нови ѕвезди да излегуваат на рандевуа или да имаат лични мобилни телефони. Агенциите ја преземаат контролата врз нивните животи. Признавањето на романтична врска или постоењето на партнер често е придружено со скандал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img