Се наближува датумот на почетокот на Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз по точно 100 години. Познатата холивудска актерка Хали Бери ја има честа да го понесе олимпискиот оган по Кроазета во Кан в вторник, пред да започне големиот настан, пишува „Пејџ сикс“.
Булеварот Француска ривиера ќе биде привремено затворен од 11 до 13 часот по локално време за да може Хали Бери да помине непречено.
Сопствениците на одредени продавници го изразија своето неодобрување и незадоволство од таа одлука бидејќи нема да имаат пристап до своите продавници.
Од друга страна, постојат и такви кои нетрпеливо чекаат да ја видат актерката во живо.
„Ќе биде неверојатно да се види како го носи факелот“, рекла една обожавателка, додавајќи:
„Тоа е можност која се дава еднаш во животот.
Потсетуваме, Олимписките игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година во Париз.