More

    Славески: Предлогот на Фискалниот совет за нагло зголемување на старосната граница за пензионирање е краткорочна и непрофесионална мерка

    spot_img

    Предлогот на Фискалниот совет за нагло зголемување на старосната граница за пензионирање е краткорочна и непрофесионална мерка, оцени Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

    – Предлогот на фискалниот совет беше невнимантелен, ниту една земја досега не постигнала нагло зголемување на старосна граница. Има земји кои што се во тек, ќе се донесе некоја мерка, но тоа трае со години, по три месеци секоја година, некаде по шест. Не може вие на вработени кои што очекуваат да се пензионираат наредната година да им кажете дека ќе мора да работат уште три години. Непрофесионално и невнимателно беше пласирана таа мерка – изјави Славески.

    Славески ја нагласи важноста од разгледување на корените на проблемите што го оптоваруваат пензискиот систем. Според него, задолжителниот пензиски фонд во Македонија се соочува со сериозен дефицит кој не може да се реши само со краткорочни мерки како зголемување на старосната граница.

    – Сега останува на Владата да бара други решенија, секако е голем товар дефицитот во пензискиот фонд кој што се финансира од буетот, но малку е чудно зошто нема кај нас дебата околу генезата на тој дефицит. Јас сум повозрасен и ги помнам уште првите денови дискусии кои што во 2000 година од притисокот што го изврши Светска банка да го воведеме Вториот пензиски фонд. Таму беше предвидено дека за десетина години ќе има т.н транзициски дефицити. Не може така, ако одземете една третина од придонесот на државниот пензиски фонд и ги префрлите во приватни пензиски фондови, нормално дека ќе дојде до дефицит – истакна Славески.

    Славески додаде дека, иако се очекуваше транзициски дефицит тој продолжува да расте и денес, дури три децении по започнувањето на реформата. Според некои истражувања, овој дефицит може да трае и до 50 години, или пак никогаш да не се реши.

    – Според некои истражувања тој транзициски дефицит кој што кај нас се провлекува веќе трета деценија може да трае дури и половина век. Главната причина е тоа што му се одземаат средства на фонфот. Вториот пензиски фонд се формираше на тој начин што една третина од парите од државниот пензиски фонд отидоа во приватните пензиски друштва – рече Славески.

    Тој додаде дека за дефицитот има и други причини, како усогласување со инфлацијата.

    Славески истакна дека проблем е и што многу стопанственици плаќаат придонеси на минимална плата за своите вработени, а купуваат џипови од по 100.000 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img