Исчезнаа шестмина Непалци кои работеле во скопска компанија. Трагата им се губи речиси истовремено, во текот на вчерашниот ден.
Шестмината работеле во приватна фирма во Скопје, а случајот во МВР го пријавила сопственичката на компанијата во 10.30 часот.
„В.Д.(36) од Скопје пријавила дека шест лица-работници на возраст од 24 до 27-годишна возраст од Непал, кои работеле во приватна фирма, се оддалечиле од местото каде што престојувале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, информираат од МВР.
Ваквата појава зачести низ целата држава, односно откако работниците ќе бидат ангажирани од македонските компании, тие по некое време бегаат и им се губи секаква трага.
Досега неколкумина сопственици на компании во Скопје, Прилеп и Охрид имаат пријавено дека работниците од Непал им побегнале и сметаат дека тие ја користат нашата земја за да можат полесно да стигнат до западноевропските држави.